Во што сме различни од другите училишта?





















Во што сме различни од другите училишта?

1. Ние сме специјализирани само за германскиот јазик и не нудиме други јазични курсеви, ниту посредување за работа или виза. Концентрирани сме исклучиво на германскиот јазик и на нашите слушатели им даваме гаранција за совладано ниво од најмалку 85%.

2. Имаме транспарентна веб страна со сите информации за курсевите и цени.

3. Имаме професионална онлајн МУДЛ платформа, каде се поставени материјали за учење на сите нивоа, која е достапна 24/7/365, и од неа можете да учите кога сакате и од каде сакате.

4. Кај нас не се предава само почетниот курс, туку ние предаваме курсеви од А1 до Ц2.

5. Користиме професионален конференциски сервис MS Teams, со кој учесниците од дома ќе се чувствуваат како да се во училница и до предавачот.

6. Работиме со софтвер за предавање во училница Net Support School.

7. Од 2015 год. ја имаме најмодерна онлајн училница со десктоп компјутери во Македонија и пошироко.

8. Кај нас можете да учите и во училница и онлајн (од дома).

9. Наши курсисти се ученици од сите градови на Македонија, наши иселеници во Германија, Австрија и Швајцарија, оттука нашето училиште не е на ниво на општина, туку регионално па и меѓународно.

10. Постоиме 18 год. и постојано се трудиме да се модернизираме, унапредуваме и усовршуваме. Наставата се изведува онлајн под менторство на д-р Николче Шулевски, доктор на науки по методика во наставата со онлајн учење во германскиот јазик.

11. Нашето училиште беше прогласено на најдобро приватно училиште во 2018 год. од страна на Битолски весник, на манифестацијата „Избираме најуспешни битолчани“.