Како се одвива онлајн учењето во групна настава во училница и од дома?
Што е потребно за групна настава за учење од дома? - Потребен Ви е десктоп или лаптоп компјутер, стандарден интернет приклучок и слушалки со микрофон. - Со помош на конференцискиот сервис MS Teams курсистот се поврзува со аудио и по потреба со видео врска со другите курсисти и со професорот. - Професорот комуницира со учесниците преку MS Teams, додека предава преку платформата МУДЛ - Професорот користи софтвер за работа во училница Net Support School за предавање во училницата. - Учесниците кои се во училница преку специјална аудио опрема и MS Teams конференцискиот сервис комуницираат со учесниците од дома. - Учесниците го изучуваат германскиот јазик преку платформата МУДЛ, која е онлајн достапна на следниот линк: https://online.delfin.com.mk - Учесниците на платформата учат, читаат, пишуваат, зборуваат, слушаат, гледаат видеа, вежбаат, пишуваат домашни задачи, прават тестови и сл.