Курсистите за нас

д-р Николче Шулевски со дел од своите онлајн ученици

Онлајн час со Јадранка С.

Проф. Марија Стојановска со дел од онлајн учениците

Што мислат нашите курсисти за нас?

Веќе неколку месеци интензивно го изучувам германскиот јазик, онлајн, од дома, во поединечна настава. Започнав од А1.1 и во моментов сум на ниво А2.2. Се стекнав и со интернационална ОСД Диплома. Онлајн учењето во Делфин е вистинско задоволство.

Билјана С., Битола
Од мај 2019 год. живеам со мојата фамилија во Рајден, Швајцарија. Тука дојдов со почетни предзнаења од германскиот јазик. За полесно да се интегрирам во општеството овде, почнав да учам поединечен онлајн курс во училиштето Делфин и за 3 месеци го изучив и нивото А2. Ќе продолжам и понатаму да учам и со следните нивоа, а на останатите срдечно им го препорачувам онлајн училиштето Делфин, каде јас навистина учам квалитетно. Ви благодарам.

Јадранка С, Рајден- Швајцарија
Живеам веќе 14 месеци во Минхен. На почетокот, кога дојдов во Германија со мојата фамилија, знаев само малку германски јазик и морав да одам во интеграционо училиште. За да можам да посетувам редовна настава во гимназија, морав да научам германски јазик до ниво Ц1. Моментално завршувам со нивото Б2-2 и моето сегашно познавање на германскиот јазик го препознаа наставниците во Германија и веќе ме префрлија во училиштето во коешто сакам да учам во редовна настава, во гимназија. За брзо време стекнав огромно знаење, благодарејќи на онлајн наставата во училиштето Делфин. Ги изучив курсевите А2, Б1, Б2/1 и Б2/2 (вкупно 384 часа) во 12 месеци. Ви благодарам професоре.

Максим А., Минхен – Германија
Здраво! Ученичка сум во Делфин веќе 5 години и германскиот јазик јазик го изучувам од 6 одд. Сега сум II год. средно образование и моментално го посетувам курсот Б1. Од 2016 год. учам онлајн во училница или од дома. Онлајн наставата во Делфин е интересна, модерна и многу ме мотивира да го изучувам германскиот јазик.

Ивана П. Битола