МУДЛ УЧИЛНИЦА

Во јули 2015 год. во Училиштето за германски јазик Делфин Битола беше инсталирана првата МУДЛ училница, специјализирана за изучување на германскиот јазик онлајн. Училницата е прва и единствена од ваков вид во Република Македонија. Во неа ќе имаат можност курсистите онлајн да го изучуваат германскиот јазик, на еден нов метод, кој е многу застапен насекаде во светот. Наставата се изведува со и без физичко присуство на курсистите, со 100% примена на ИКТ во наставата, преку платформата за учење МУДЛ, помошната програма за предавање во училница Net Support School и конференцискиот сервис Zoom.