parallax background

Училиштето Делфин и германскиот јазик

Во своето 15 год. постоење нашето училиште се специјализира и работи исклучиво на изучување на германскиот јазик

Од основањето па до денес училиштето ги нуди сите видови на курсеви по германски јазик, за деца, ученици и возрасни слушатели. Нуди редовни, полуинтензивни и интензивни курсеви во поединечна и групна настава според Европската референтна рамка за јазици за сите нивоа: А1, А2, Б1, Б2, Ц1 и Ц2. Наставата до 2014 год. се изведуваше на класичен начин со помош на учебници, работни тетратки, ЦДа и ДВДа од познатите издавачки куќи за учебници по германски јазик, како и бела табла, видео бим и ТВ.


Онлајн настава?

Единствено онлајн училиште за германски јазик

Во јули 2015 год. во Училиштето за германски јазик Делфин Битола беше инсталирана првата МУДЛ училница, специјализирана за изучување на германскиот јазик онлајн. Училницата е прва и единствена од ваков вид во Република Македонија. Во неа курсистите имаат можност онлајн да го изучуваат германскиот јазик, на еден нов метод, кој е многу застапен насекаде во светот. Наставата се изведува со и без физичко присуство во училница, со 100% примена на ИКТ во наставата, преку платформата за учење МУДЛ и помошната програма за работа во училница Net Support School.

специјализирано училиште
за германски јазик
15 год. искуство и традиција
безброј задоволни курсисти
даваме гаранција за квалитетно
изучување на германскиот јазик

Изберете курс кој најмногу Ви одговара:

Степени според ЕРРЈ

Степените според Европскате референтна рамка за јазици (ЕРРЈ)


parallax background

Онлајн Училница

Во јули 2015 год. во Училиштето за германски јазик Делфин Битола беше инсталирана првата МУДЛ училница, специјализирана за изучување на германскиот јазик онлајн. Училницата е прва и единствена од ваков вид во Република Македонија. Во неа ќе имаат можност курсистите онлајн да го изучуваат германскиот јазик, на еден нов метод, кој е многу застапен насекаде во светот. Наставата се изведува со и без физичко присуство на курсистите, со 100% примена на ИКТ во наставата, преку платформата за учење МУДЛ, помошната програма за предавање во училница Net Support School и конференцискиот сервис Zoom.

Што е онлајн учење?


15 години Училиште за германски јазик Делфин: 15 факти за нас:

  • 15 Години професионално работиме само со германскиот јазик, не работиме со други јазици.

  • Имаме веб страна, каде се истакнати сите информации за нашите курсеви и цени и сме транспарентни.

  • Даваме гаранција дека успехот на изучување на нивото кај курсистите ќе биде најмалку 85%.

  • Голем број на наши курсисти се стекнале и со Ц1 и Ц2 интернационални дипломи по германски јазик.

  • Во нашето училиште се изучуваат сите нивоа според ЕРРЈ, А1, А2, Б1, Б2, Ц1 и Ц2, а не само ниво А1 или А2.

  • Нашите професори постојано се усовршуваат со посета на семинари по германски јазик во земјата и во странство.

  • Ние сме единствено училиште, кое организира Летен јазичен камп за ученици во Германија и Австрија.

  • Во нашето училиште се користат најнови методи и програми за учење. Од 2015 год. ја имаме најмодерната компјутерска училница за онлајн учење во РМ со 10 десктоп компјутери и професионална аудио опрема.

  • Нашето училиште е единствено онлајн училиште во РМ па и пошироко.

  • Користиме професионални програми и софтвери за онлајн учење во училница и на далечина.

  • Наставата се изведува под менторство на доктор на науки по методика во онлајн учењето по германски јазик д-р Николче Шулевски.

  • Ние не импровизираме онлајн настава со Skype, ние користиме професионален конференциски сервис ЗУМ, софтвер за предавање Net Support School, додека наставата се одвива преку платформата за електронско учење МУДЛ.

  • Постојано ги следиме светските трендови на онлајн учење преку посета на семинари, конференции, вебинари и саеми во регионот и во ЕУ.

  • Нашата работа беше препознаена од Битолски весник, кој на манифестацијата „Избираме најуспешни битолчани“ ни ја додели наградата ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ од областа на приватните училишта.

  • Квалитетот го потврдуваат големиот број на курсисти, кои што германскиот јазик го изучуваат во училница, курсисти од другите градови ширум Македонија, како и курсистите од Германија, Австрија и Швајцарија.


Што мислат нашите курсисти за нас?

Веќе неколку месеци интензивно го изучувам германскиот јазик, онлајн, од дома, во поединечна настава. Започнав од А1.1 и во моментов сум на ниво А2.2. Се стекнав и со интернационална ОСД Диплома. Онлајн учењето во Делфин е вистинско задоволство.

Билјана С., Битола
Од мај 2019 год. живеам со мојата фамилија во Рајден, Швајцарија. Тука дојдов со почетни предзнаења од германскиот јазик. За полесно да се интегрирам во општеството овде, почнав да учам поединечен онлајн курс во училиштето Делфин и за 3 месеци го изучив и нивото А2. Ќе продолжам и понатаму да учам и со следните нивоа, а на останатите срдечно им го препорачувам онлајн училиштето Делфин, каде јас навистина учам квалитетно. Ви благодарам.

Јадранка С, Рајден- Швајцарија
Живеам веќе 14 месеци во Минхен. На почетокот, кога дојдов во Германија со мојата фамилија, знаев само малку германски јазик и морав да одам во интеграционо училиште. За да можам да посетувам редовна настава во гимназија, морав да научам германски јазик до ниво Ц1. Моментално завршувам со нивото Б2-2 и моето сегашно познавање на германскиот јазик го препознаа наставниците во Германија и веќе ме префрлија во училиштето во коешто сакам да учам во редовна настава, во гимназија. За брзо време стекнав огромно знаење, благодарејќи на онлајн наставата во училиштето Делфин. Ги изучив курсевите А2, Б1, Б2/1 и Б2/2 (вкупно 384 часа) во 12 месеци. Ви благодарам професоре.

Максим А., Минхен – Германија
Здраво! Ученичка сум во Делфин веќе 5 години и германскиот јазик јазик го изучувам од 6 одд. Сега сум II год. средно образование и моментално го посетувам курсот Б1. Од 2016 год. учам онлајн во училница или од дома. Онлајн наставата во Делфин е интересна, модерна и многу ме мотивира да го изучувам германскиот јазик.

Ивана П. Битола

Последна шанса да се запишете кај нас. Започнуваме на 16. Септември