Училиште за германски јазик ДЕЛФИН
општествено одговорна компанија

ВИДЕО УПАТСТВА ЗА КОНФЕРЕНЦИСКИОТ СЕРВИС ЗУМ

Согледувајќи ја потребата од итна примена на онлајн учење во наставата во сите образовни институции, училиштето Делфин постапи општествено и одговорно, давајќи придонес кон онлајн учењето и образованието во нашата земја.

Фактот, дека 95% од наставниците и професорите во државните образовни институции и во приватните училишта немаат никаква обука не наведе на овој чекор, да помогнеме, онолку, колку што можеме и умееме и несебично да го споделиме нашето знаење и искусто во онлајн учењето.

Нашето искуство во онлајн учењето датира од 2009 година, со делумна примена на ИКТ во наставата, додека од 2015 год. преминавме во целосно ОНЛАЈН ПРИВАТНО УЧИЛИШТЕ, ЕДИНСТВЕНО ВО МАКЕДОНИЈА. За поставување на оваа цел, потребна беше, пред се голема желба, труд, напор и познавања од информатичката технологија. Постојаната надоградба, посети на семинари, работилници, конференции и конгреси во земјата и во странство, доведоа до истражување на онлајн учењето, кое се потврди со докторска дисертација на управителот д-р Николче Шулевски.

На ден 17.03.2020 год. ги споделивме јавно нашите туторијали најпрво за Конференцискиот сервис ЗУМ, кој е најраспостранет конференциски сервис во светот, со кој сметавме дека веднаш може да се продолжи со наставата во сите образовни институции.

Поставени беа следните упатства:

- Упатство за користење на ЗУМ за наставници / професори,

- Упатство за користење на ЗУМ за ученици / студенти,

- Упатство за користење на ЗУМ за андроид,

- Дополнителна помош за наставниците и професорите и

- Видео на тема: ЗУМ воведува и лозинка

ЛИНК ДО Youtube каналот

ОДРЖАНИ 3 (три) БЕСПЛАТНИ СЕМИНАРИ ЗА ОНЛАЈН УЧЕЊЕ

На семинарите за ЗУМ учесниците имаа можност да ги спознаат сите можности на овој конференциски сервис, од инсталирање, одесување, можности за изведување на комбинирана онлајн настава, како и совети и трикови за примена во наставата во вонредни ситуации. Тие беа наменети за наставници и професори од сите видови на образование. На двата семинари учествува вкупно 186 лица.

Семинарите се поставени во целост на платформата Youtube и до 13.04.2020 имаат вкупно 1.770 прегледи.

На семинарот на тема: Како се организира квалитетна онлајн настава учесниците имаа можност да запознаат со голем број на онлајн алатки за организирање на целосна онлајн настава: од алатки за аудио и видео комуникација, алатки за предавање во онлајн училница, помошни софтвери во наставата, платформи за учење и многу други корисни алатки, со една цел, квалитетна онлајн настава, без импровизации. Овој семинар беше наменет за управители и директори на основни и средни училишта, како и приватни училишта за странски јазици, информатика, математика и сл. На семинарот учествува вкупно 92 лица.

Семинарот е поставен во целост на платформата Youtube и до 13.04.2020 има вкупно 1.004 прегледи.