Oпшти услови

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ
1. СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ
Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на “виша сила”, која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).

2. ПРИЈАВА-ДОГОВОР И УПЛАТА
Пријава-договор за патување се прави до пополнување на местата, со уплата на аконтација на цената назначена на секоја поединечна програма или услуга. При пријавувањето купувачот уплаќа аванс во износ од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот најдоцна  до  15  дена пред реализацијата на аранжманот. Доколку патникот до тој рок не изврши доплата на аранжманот,  организаторот ќе смета дека патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати тошоците за отказ на аранжманот согласно условите од Член  4  “Откажување од патувањето” од страна на патникот.
При пријавувањето, патникот потпишува пријава-договор со изјава – Изјавувам дека сум запознат со програмата и со Општите услови на патување, и дека во целост ги прифаќам! со што Општите услови на патување, стануваат правна обврска за организаторот и за патникот.

3. ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ ЗА ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ
Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраењето или содржината) во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да  ги предвиди, избегне или отстрани.  Учесникот на  патувањето има  право на рефундација  на  износот  за нереализираните  услуги.  Во  ретки  случаи  кога  нема  можност  за  сместување  во резервираниот објект, поради технички причини или “over booking” од страна на хотелиерот, организаторот ќе го смести патникот  според  можностите  во  дадениот  момент,  во  објект  од  иста  категорија  или  од  повисока  категорија,  без надомест. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот во случај на недоволен број на пријавени патници  од предвидениот минимум за одреден аранжман. Организаторот е должен да  ги извести сите купувачи  за  отказот  најмалку  5  дена  пред  почетокот  на  реализацијата  на  аранжманот  и  да  им  ги  врати  во  целост уплатените средства најдоцна во рок од 8 дена од денот на откажувањето.

4. ПРАВО НА ПАТНИКОТ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот), според следната скала:
– за отказ до 60 дена пред патувањето се наплатува 40%
– за отказ од 30 до 15 дена пред патувањето 60%
– за отказ од 15 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 05 до 00 дена пред патувањето 90%
– ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди,  избегне  или  отстрани  (болест,  повреда  или  смрт  во  потесното  семејство,  елементарна  непогода  или слично),  а  врз  основа  на  важечка  потврда  од  надлежните  органи,  во  тој  случај  не  ги  плаќа  отказните  трошоци  по наведената скала туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати без право на рефундација.
Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој  во  местото  на  патување),  поради  настани  кои  се  резулатат  на  влијание  на  “виша  сила”  (воени  настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите. Во случај на спор, надлежен е Основен Суд Битола. 

5. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО
Организаторот  е  обврзан  да  се  грижи  за  реализацијата  на  услугите  и  за  изборот  на  извршителите  на  услугите  со внимание на добар организатор, и да се грижи за интересите на патниците согласно со професионалните принципи во  туризмот.  Организаторот  е  должен  да  му  ги  овозможи  на  патникот  сите  услуги  наведени  за    поединечниот аранжман во програмата, и одговара за евентуално неизвршување на услугите или дел од услугите. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила како  и  од  доцнење  на  превозните  средства,  за  кои  превозникот  не  одговора  според  позитивните  прописи  и меѓународните  конвенции.  Организаторот  на  патувањето  не  прифаќа  никаква  одговорност  доколку  дипломатско-конзуларното  претставништво  го  одбие  издавањето  на  влезна  виза  или  доцни  со  издавањето  на  визата,  или  ако емиграционото  одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои проилегуваат поради евентуалната неисправност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи патникот сам, ги плаќа дополнителните трошоци.

6. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ПАТНИКОТ
Патникот е обврзан да се грижи, да тој лично, неговите документи и предмети ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, здравствените и другите прописи на својата земја како и на земјата во која патува, да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, како и во превозните средства, и да соработува со представникот на организаторот и извршителите на услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие
обврски, патникот одговара  на  оранизаторот за направената  штета.  Патниците кои свесно го нарушуваат редот во објектите односно возилото можат да  бидат одстранети од аранжманот.  Патникот е должен да  поседува важечки пасош и да се информира кај организаторот дали за земјата во која патува (или за земјите низ кои се патува во транзит) е потребна  виза, за да  таа навреме се обезбеди.  Патникот е должен да  се информира  за девизните и царинските
прописи во својата земја и земјите во кои патува. Патникот е должен да ги чува и лично да одговара, за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.

7. ПРЕВОЗ
Патникот е обврзан да се прилагоди кон превозот и неговата организацијата, во согласност со пропишаните правила и прописи.   При патување со авионски превоз, да ја провери својата резервација за лет  –  во агенцијата, најдоцна 72 часа пред полетување. Да се јави на аеродромот и местото за “чекинг” и предавање на багаж, во вообичаеното време
– час и половина пред полетување. Да се информира за правилата за патување со авионски превоз (за истите може да се обрати во агенцијата).
При патување со автобуски превоз, да поседува важечка резервација на седиште и да се пријави кај преставникот на агенцијата половина час пред поаѓање на автобусот. Да го почитува редот во возилото, во взаемен интерес со другите патници и персоналот, како и безбедноста во сообраќајот. Во случај на непридржување кон сатниците на поаѓање или на  попатните  застанувања  и  одмори,  како  и  поради  евентуално  задржување  на  граничните  премини  поради  неисправни патни документи или царински прекршок, возилото не е обврзано да го чека истиот патник повеќе од вообичаеното време.