д-р Николче Шулевски со дел од своите онлајн ученици


Онлајн час со Јадранка С.


Проф. Марија Стојановска со дел од онлајн учениците


Што мислат нашите курсисти за нас?






Ние сме фамилијата П. и од 2016 год. живееме во Зонтхајм, Германија. На почетокот сите членови на фамилијата бевме со мали познавања од германскиот јазик или без познавања и одлучивме германскиот јазик да го изучуваме онлајн во училиштето за германски јазик Делфин, за што побрзо да се интегрираме во германското општество. Бидејќи сите сме вработени или зафатени со други обврски, избравме германскиот јазик да го изучуваме одделно, во поединечна настава.
Прв член од нашата фамилија, кој започна со онлајн изучување на германскиот јазик е Елизабета П., која во 2018/2019 год. се стекна со следните степени: А2, Б1 и Б2/1. Сега го изучува нивото Б2/2. Тони П. успешно го заврши курсот А1 и оваа учебна година го изучува нивото А2. Никола П. го изучи нивото А2 и сега продолжува со Б1. Виктор П. го изучи нивото А1 и А2 и сега продолжува со Б1. Благодариме на тимот на Училиштето за германски јазик Делфин за нивната заложба и овде би сакале да ги карактеризираме како професионален и иновативен тим, кој со своите методи и програми дава максимум на своите слушатели. Затоа срдечно сакаме да го препорачаме ова училиште за секого.
Елизабета, Тони, Никола и Виктор П. Зонтхајм, Германија



Ние минатата учебна година го изучувавме нивото А1 во редовна група во училница. Од оваа година престојуваме во Германија и продолживме од овде да го изучуваме германскиот јазик онлајн од дома во форма на интензивен курс. Бидејќи работиме во смени, термините ги договараме по желба. Многу сме задоволни од онлајн наставата и од Проф. Марија Стојановска. Таа многу допринесе да го засакаме јазикот и и понатаму да го изучуваме. Ви благодариме професорке.
Александра T. и Јовaнче Н. Бројберг, Германија
