ЛЕТНА РАБОТА ЗА СТУДЕНТИ ВО ГЕРМАНИЈА 2023

БЕСПЛАТНО ПОСРЕДУВАЊЕ
+
БЕСПЛАТЕН ПОДГОТВИТЕЛЕН КУРС по германски јазик 40 часа!

 

EUROSTRAND RESORTS  e Ресорт со 4* со 50 годишна традиција и висококвалитетна all inclusive понуда, и е една од најдобрите туристички дестинации во Германија. Успехот е базиран во квалитетотна колегијален, структуриран и високо мотивиран тим со повеќе од 400 колеги и колешки. Ресортот се наоѓа на две локации: во близина на Хамбург и во близина на Битбург, покрај реката Мозел. 

Сакаш и ТИ да бидеш дел од фамилијата?

 

Дали си студент? Сакаш ли летото да го поминеш во Германија? Да работиш, да ја запознаеш Германија, германската културата, традиции и обичаи?

НИЕ ЈА ИМАМЕ НАЈДОБРАТА ПОНУДА ЗА ТЕБЕ!!

Избери една од трите работни позиции, аплицирај и помини незаборавно лето во Германија. 

Почеток на аплицирање: 08.01.2022

ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: 25.03.2023

Оваа понуда важи за сите редовни студенти на додипломски и постдипломски студии на возраст од 18-30 години на сите универзитети и факултети. 

Можност за летна работа е законски ограничена на максимално 90 календарски денови, колку што е и дозволен престојот во ЕУ со македонска патна исправа. 

Летната работа може да се обавува исклучиво за време на летниот распуст на студентите. 

Понудите за работа се нудат за временски период не помал од 2 месеци. Оттука студентот апликант може да избира перид на започнување на работата, на пример: од 01.06., од 15.06. 20.06. итн. и врз база на почетниот термин, не смее да прекорачи 90 календарски денови.  

РАБОТНИ МЕСТА:

Постапка за аплицирање во 5 чекори:

ЧЕКОР 1: Видео ПРЕЗЕНТАЦИЈА
со цел студентот детално да се запознае со работното место и ресортот, ПОДГОТВЕНА Е ВИДЕО ПРЕЗЕНТАЦИЈА. Во неа имате можност детално да се запознаете со работното место, условите за работа, можностите за сместување, исхрана, начин за аплицирање, потребни документи и др. работи. ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО!!!
ЧЕКОР 2: АПЛИЦИРАЊЕ
Откако ке бидете сигурни дека сакате да аплицирате, потребно е да ја пополните онлајн формата „АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ“. Со пополнување на оваа форма, вашето работно место е резервирано и загарантирано, бидејќи бројот на работни места е ограничен. Доделувањето на работните места ќе биде на принципот, “прв пријавен, прв услужен“. Во апликацијата се пополнуваат податоци за вас, податоци за факултетот, се врши избор на работното место, избор на терминот на започнување со работа, податоци од вашата патна исправа, како и CV на германски јазик. Примери од CV ќе најдете на следниот линк: https://delfin.com.mk/CV.zip. Во Апликацијата се прикачува исто така и копија од патната исправа.
ЧЕКОР 3: ИНТЕРВЈУ ЗА ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊЕТО НА ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК
Интервјуто за проверка на германскиот јазик ќе се спроведе исто така во онлајн форма. Тоа е составено од устен дел и писмен дел. во зависност од резултатите на ова интервју, ќе бидете допуштени да аплицирате за одредено работно место, според вашите знаења од германскиот јазик.
ЧЕКОР 4: ПОДГОТВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
Откако ќе се заврши со чекорот 3: Интервју и проверка на јазикот, веднаш започнување со комплетирање на целосната документација. За работодавецот потребни се следните документи:
- Оргинален Формулар за аплицирање на германски јазик во 1 примероk, своерачно потпишан и со 1 биометрискa фотографиja,
- Immatrikulationsbescheinigung Потврда за редовен студент (на германски и англиски јазик), електронски пополната, и заверена на вашиот факултет, исто така во 1 примероk,
- Обична потврда од Факултет со превод на германски јазик
- 2 Копии од патната исправа и
- вашето CV.
По целосното комплетирање на овие документи, сите документи ги испраќаме кај работодавецот, кој ги заверува во Бирото за вработување во Германија, и оргиналните договори за работа ги испраќа назад.

ЗА СТУДЕНСКА ЛЕТНА РАБОТА, НЕ Е ПОТРЕБНО ВАДЕЊЕ НА ВИЗА,
за Германија патувате со оргиналниот договор, вашата патна исправа и вашиот индекс, и секако потребно ви е и здравствено осигурување.
ЧЕКОР 5: БЕСПЛАТЕН ПОДГОТВИТЕЛЕН КУРС и подготовки за заминување
Во текот на месец Мај 2023 год. добивате бесплатен подготвителен курс, онлајн, кој е задолжителен за сите студенти. Курсот има за цел да ве подготви за работа во Еуроштранд. По добивањето на оргиналниот договор, ние ќе бидеме комплетно на располагање за вашата подготовка за заминувањето во Германија. Ќе бидеме ваша поддршка, се до моментот до пристигнување во Германија.