Моодле

ШТО Е МООДЛЕ???

Моодле претставува платформа за учење, која служи за подготовка и користење на материјали за учење, истата се користи од поединци, група, институција или организации, ги поддржува кооперативните процеси за учење и служи како алатка за комуникација помеѓу учесниците, како и менаџирање со фајлови и документи.
Името Моодле значи „модуларна објекторентирачка и динамнична средина за учење. Mоодле важи денес за име кое кое се развива во портал за учење и кое станува кај корисниците, ученици и наставници се попопуларен, важи за бренд на една многу едноставна техника за учење и учење на нови методи кои ја поддржуваат креативноста и способноста за учење кај учениците.
Иницијатор и главен програмер е Martin Dougiamas од Перт, Австралија, кој ја состави платформата во 1999 год. како проект по програмирање. Програмскиот код е „Open Source“ отворен код и подлежи на лиценца „GNU General Public License“ бесплатна лиценца. Ова значи дека платформата се користи и ќе се користи бесплатно и истата смее да се променува и дополнува се додека резултатот на програмскиот код е слободен. Програмскиот код е изработен во програмскиот јазик PHP, кој исто така е бесплатно достапен.
Преку своите основни модули моодле поддржува пристап на учениците до наставниот материјал, комуникација помеѓу нив, комуникации помеѓу учениците, наставниците и гостите, обработка, самооценување и оценување на сработеното како и можности за одредување, тестирање и спроведување на анкета. Генерално, моодле поддржува настава, во која учениците се многу активни и истите носат голема одговорност за наученото. Постојаното користење на оваа платформа го одредува наставникот и тие ги придружуваат учениците во индивидуалното или кооперативното учење. Во директен разговор можат да се рефлектираат процеси на учење и групни процеси, меѓусебно да се договараат, да се поделуваат задачи за работа и многу други работи.

повеќе информации на  Moodle – Open-source learning platform | Moodle.org