Често Поставувани Прашања

heder

ЧПП – Често Поставувани Прашања:

Општи обврски на ученикот
Ученикот е должен да ги почитува редот и дисциплината на кампот. Примерно да се однесува во автобусот и по патот, да го почитува куќниот ред на сместувалиштето и примерно да се однесува. Исто така должен е да се придржува кон деталната програма на кампот (во неа детално пишува со сат, кога е станување, кога појадок, од колку до колку часот има настава, кога е ручекот, што предвидува програмата попладне, кога е вечерата и кога е легнувањето) ЦЕЛАТА ПРОГРАМА е задолжителна за сите учесници. Должен е исто така да ја одржува хигиената во автобусот и во својата соба со сместувалиштето во Виена, во Талхајм и во Минхен (за камп 17) и во Виена, во Талхајм и во Штутгарт (за камп 18 и 19). Времето, одредено за будење 07.30 и легнување 23.00 во кампот е строго определено и мора да се почитува. Сите учесници во кампот се рамноправни, без разлика на пол, возраст или град од каде доаѓа и секој учесник е должен да го почитува другиот. Учесникот, кој не се придржува на правилата и обврските на кампот, недолично се однесува и не се придржува на програмата на кампот, по предходна опомена од организаторот или пратителот до родителите, се отстранува од кампот и се враќа авионски назад во Македонија, на трошок на родителите. Во кампот настрого се забранува конзумирање на алкохол и цигари. Забрането е носење на лаптоп и ајпод. Со учесниците во кампот може во секое време да се контактира преку:
–  Фиксен број од говорницата во сместувалиштето во Германија:
0049 3721 265377 (може постојано да се користи)

– Германски мобилен на Николче Шулевски
0049 15785 333119 (може постојано да се користи)

– Фиксен број од канцеларијата во сместувалиштето во Германија:
0049 3721 84259 (користете го само во итни случаеви)

– Македонски мобилен на Николче Шулевски
00389 75 333-119 (користете го само во итни случаеви)

Пратители на група
Групата ќе биде придружувана од  5 возрасни професори, едно медицинско лице и организаторот. Тие ќе бидат 24 часа со учениците и ќе бидат одговорни, секој за одредена група на учесници. Постојано ќе се грижат за учениците, ќе им помагаат, ќе ги придружуваат, контролираат и за се друго што имаат потреба учениците.

Храна за по пат
Потребно е учениците од дома да понесат со собе храна за 4 оброци. Првиот оброк е во Виена, појадок. Кога се припрема храната за по пат, ве молиме да не се испраќа храна, која е лесно расиплива, јајца, салами, мајонез и сл.

Пакување, облека и багаж

Ве молиме секој учесник да понесе со себе претежно спортска летна и пролетна облека + купачи. Што помалку алишта. 1 куфер и 1 ранец е сосема доволно. Во ранецот ученикот да носи храна и пијалоци за по пат. Едно перниче за патување и чаршавче за по пат.  

Сместување

Сместувањето во Виена е во Хостелот А&О, кој се наоѓа во центарот на Виена. Сместувањето е во 4 креветни соби, одделно за момчиња и девојчиња. Обезбедено е 1 ноќевање со појадок, додека за другите оброци ќе се организираат учениците на лице место, каде што ќе бидеме.

 Летниот камп по германски јазик се одржува во ученичкото одморалиште Табакстане во близина на градчето Талхајм. Одморалиштето се простира на површина од 25.000 м2 и поседуваа 16 соби и 10 бунгалови со вкупен сместувачки капацитет од 125 легла, распоредени во два објекти од тврда градба и бунгалови. Собите се со по 4-6 легла, а бунгаловите со по 6 легла. Обично во бунгаловите се сместуваат машките, а девојчината во тврдата градба, односно во собите. Учесниците се сместуваат одделно, машки од девојчина. Водата во сместувалиштето се пие. Во поголемите бунгалови има ВЦ, додека за стадардните бунгалови, пред нив има цел комплекс од ВЦа, тушеви и тоалети. Во собите има само мијници, додека на 4 соби има по еден комплет, машки, женски ВЦа, тушеви и омивалници. Во целото одморалиште, има на 10 места Тоалети и ВЦа. Постелнината е чиста и е ставена на располагање од сместувалиштето. Учесниците треба да си понесат со себе крпи за бањање и за лице, раце.

Сместувањето во Минхен е во Хостелот А&О. Сместувањето е во 4 креветни соби, одделно за момчиња и девојчиња. Обезбедени се 2 ноќевање со појадок, додека за другите оброци ќе се организираат учениците на лице место, каде што ќе бидеме.

Сместувањето во Штутгарт е во Хостелот А&О, кој се наоѓа во центарот на градот. Сместувањето е во 4 креветни соби, одделно за момчиња и девојчиња. Обезбедено е 1 ноќевање со појадок, додека за другите оброци ќе се организираат учениците на лице место, каде што ќе бидеме.

Храна
Храната во детското одморалиштето е обилна и разноврсна. Појадокот се заснова на салама, чајна, кашкавал, мусли, корнфлекс, еурокрем, маргарин, мармелад, овошен јогурт, млеко, сок, чај на приципот шведски стол.
Ручекот е секој ден различен. Се приготвува предјадење, главно јадење и десерт, овошје и пијалок.
Ужина – колач или парче торта.
Вечерата е исто како и појадокот шведски стол. Дополнително има неколку врсти на салати.

Облека
Учесниците треба со себе да понесат доволно летна, но и пролетна облека, јакна за на дожд, личен прибор, крпи за бањање и за лице, раце. Облеката да биде претежно спортска.

Финансиски средства и Маркет
Во самото одморалиште нема можност за постојано купување и трошење на средства. Но, по потреба, и по програма одиме 2 пати за време на престојот во Талхајм во голем супермаркет, кој се наоѓа на 700 метра од сместувалиштето. Можност за трошење на средства ќе имаат учесниците во Виена, во луна паркот Пратер, и во Хемниц, на шопинг. Во Виена, Франкфурт, Нирнберг, Штутгарт, Салцбург и Минхен  и Дворците, за време на разгледување на градовите, учесниците немаат можност за купување, освен на сувенири. Максималната сума, која е дозволена даа ја носат учесниците со себе е 300 Евра. Организаторот не сноси никаква одговорност во врска средствата на учениците, при губење, кражба и сл. Најдобро е парите да се носат во готово, не на картичка. По потреба, одговорните пратители можат да им ги чуваат паричниците на најмалите учесниците.

Настава
Наставата се изведува во 3  групи, во три простории во сместувалиштето. Учениците, според возраст и предзнаења, се поделуваат во три групи, почетна, ученици од VI и VII одд или помали, средна група VIII одд и IX одд., во зависност од нивните предзнаења и група за конверзација, ученици од I година па нагоре. Настава се одвива 9 пати по 180 мин., и тоа 90 мин. пауза од 10 мин. и 90 мин. На паузата од 15 мин. учениците добиваат, сок, кисела вода или чај. Во зависност од временските услови, при топло време, наставата или работилниците можат да се одржуваат надвор. Наставата се темели на учење на теми од секојдневието, аудио и видео материјали  и сл. На крајот од кампот, секој учесник добива потврда за учество на летниот јазичен камп.

Осигурување
Организаторот обезбедува здравствено и патничко осигурување за сите учесници.

Здравје и алергии
Секој учесник е должен да ја понесе со себе својата здравствена книшка во куферот, за секој случај. Доколку има некој ученик, кој е алергичен на некој лек или прима редовна медицинска терапија или вонредна, истите медикаменти да се понесат во доволна количина и ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се извести пратителот, докторот или организаторот.

Интернет

Во Австрија, учениците имаат достапен интернет во Хостелот А&О. Во Германија, за време на целиот престој, учениците ќе имаат мобилен интернет, во периодот кога се слободи или по пат, во периоди од денот, кога немаат обврски, односно часови или посети. Во случај на итен контакт со детето, обратете се на вибер на бројот: +389 75 333119. (САМО за итни случаеви)