18 години - 18 факти за нас





















18 години Училиште за германски јазик Делфин: 18 факти за нас:

  • 18 Години професионално работиме само со германскиот јазик, не работиме со други јазици.

  • Имаме веб страна, каде се истакнати сите информации за нашите курсеви и цени и сме транспарентни.

  • Даваме гаранција дека успехот на изучување на нивото кај курсистите ќе биде најмалку 85%.

  • Голем број на наши курсисти се стекнале и со Ц1 и Ц2 интернационални дипломи по германски јазик.

  • Во нашето училиште се изучуваат сите нивоа според ЕРРЈ, А1, А2, Б1, Б2, Ц1 и Ц2, а не само ниво А1 или А2.

  • Нашите професори постојано се усовршуваат со посета на семинари по германски јазик во земјата и во странство.

  • Ние сме единствено училиште, кое организира Летен јазичен камп за ученици во Германија и Австрија.

  • Во нашето училиште се користат најнови методи и програми за учење. Од 2015 год. ја имаме најмодерната компјутерска училница за онлајн учење во РМ со 10 десктоп компјутери и професионална аудио опрема.

  • Нашето училиште е единствено онлајн училиште во РМ па и пошироко.

  • Користиме професионални програми и софтвери за онлајн учење во училница и на далечина.

  • Наставата се изведува под менторство на доктор на науки по методика во онлајн учењето по германски јазик д-р Николче Шулевски.

  • Ние не импровизираме онлајн настава со Skype, ние користиме професионален конференциски сервис ЗУМ, софтвер за предавање Net Support School, додека наставата се одвива преку платформата за електронско учење МУДЛ.

  • Постојано ги следиме светските трендови на онлајн учење преку посета на семинари, конференции, вебинари и саеми во регионот и во ЕУ.

  • Нашата работа беше препознаена од Битолски весник, кој на манифестацијата „Избираме најуспешни битолчани“ ни ја додели наградата ПОСЕБНО ПРИЗНАНИЕ од областа на приватните училишта.

  • Квалитетот го потврдуваат големиот број на курсисти, кои што германскиот јазик го изучуваат во училница, курсисти од другите градови ширум Македонија, како и курсистите од Германија, Австрија и Швајцарија.