Интензивен курс - избери




























УЧИ САМ - индивидуална настава

Сакате германскиот јазик да го изучувате интензивно? Но не можете да учествувате во групна настава? Не ви одговараат термините на групата? Одите на работа на смени? Сакате Вие да ги одредувате термините за настава? Некогаш предпладне, некогаш на пладне, некогаш навечер или ноќе? За Вас најдобра понуда е ИНДИВИДУАЛНА НАСТАВА! Со овој вид на настава Вие добивате ЛИЧЕН ПРОФЕСОР, кој Ви стој на располагање само Вам.
Наставата се одржува во термини, кои ви одговараат Вам и нема пропуштени часови.

Како се одвива онлајн учењето во индивидуална настава од дома?

Што е потребно за индивидуална настава за учење од дома?
- Потребен Ви е десктоп или лаптоп компјутер, стандрарден интернет приклучок и слушалки со микрофон.
- Со помош на конференцискиот сервис MS Teams учесникот се поврзува со аудио и по потреба со видео врска со професорот.
- Професорот комуницира со учесникот преку MS Teams, додека предава преку платформата МУДЛ
- Учесникот го изучува германскиот јазик преку платформата МУДЛ, која е онлајн достапна на следниот линк: https://online.delfin.com.mk
- Учесникот на платформата учи, чита, пишува, зборува, слуша, гледа видеа, вежба, пишува домашни задачи, прави тестови и сл.

УЧИ ВО ГРУПА - Групна настава

Сакате германскиот јазик да го изучувате интензивно? Можете да учествувате во групна настава? Ви одговараат термини попладне или навечер во група? За Вас најдобра понуда е ГРУПНА НАСТАВА!
Наставата се одржува во фиксни термини, во договор со сите курсисти во групата (2-4 учесници).

Како се одвива онлајн учењето во групна настава во училница и од дома?

Што е потребно за групна настава за учење од дома?
- Потребен Ви е десктоп или лаптоп компјутер, стандарден интернет приклучок и слушалки со микрофон.
- Со помош на конференцискиот сервис MS Teams курсистот се поврзува со аудио и по потреба со видео врска со другите курсисти и со професорот.
- Професорот комуницира со курсистите преку MS Teams, додека предава преку платформата МУДЛ
- Професорот користи софтвер за работа во училница Net Support School за предавање во училницата.
- Учесниците кои се во училница преку специјална аудио опрема и MS Teams конференцискиот сервис комуницираат со курсистот од дома.
- Учесниците го изучуваат германскиот јазик преку платформата МУДЛ, која е онлајн достапна на следниот линк: https://online.delfin.com.mk
- Учесниците на платформата учат, читаат, пишуваат, зборуваат, слушаат, гледаат видеа, вежбаат, пишуваат домашни задачи, прават тестови и сл.