Редовен курс - групна настава


















РЕДОВЕН КУРС

Училиштето за германски јазик Делфин нуди курсеви по германски јазик за деца, ученици, средношколци, студенти и возрасни. Курсевите се изведуваат според најновите методи и програми и истите се содржат од учебници работни тетратки, аудио и видео материјали, софтвер за учење, онлајн вежби, учење преку компјутер, преку платформа за учење МУДЛ и сл. Курсевите се поделени според Европската референтна рамка за јазици од сите нивоа: А1, А2, Б1, Б2, Ц1 и Ц2, како и нивните меѓустепени. Наставата се изведува под менторство на доктор по методика во германскиот јазик, д-р Николче Шулевски.

Како се одвива онлајн учењето во групна настава во училница и од дома?

Што е потребно за групна настава за учење од дома?
- Потребен Ви е десктоп или лаптоп компјутер, стандарден интернет приклучок и слушалки со микрофон.
- Со помош на конференцискиот сервис MS Teams учесникот се поврзува со аудио и по потреба со видео врска со другите учесници и со наставникот.
- Наставникот комуницира со учесниците преку MS Teams, додека предава преку платформата МУДЛ
- Наставникот користи софтвер за работа во училница Net Support School за предавање во училницата.
- Учесниците кои се во училница преку специјална аудио опрема и MS Teams конференцискиот сервис комуницираат со учесниците од дома.
- Учесниците го изучуваат германскиот јазик преку платформата МУДЛ, која е онлајн достапна на следниот линк: https://online.delfin.com.mk
- Учесниците на платформата учат, читаат, пишуваат, зборуваат, слушаат, гледаат видеа, вежбаат, пишуваат домашни задачи, прават тестови и сл.

РЕДОВЕН КУРС

ЗА УЧЕНИЦИ ДО 9 одд.

ПРИЈАВУВАЊЕ: ДО 15 СЕПТЕМВРИ
НИВОА: еден полустепен според ЕРРЈ (А1/1 или А1/2 или А2/1)
ВИД НА НАСТАВА: настава во група до 8 слушатели
СЛЕДЕЊЕ НА НАСТАВАТА: од училница или онлајн од дома
ТЕРМИНИ: 2 пати неделно по 60 минути
ТРАЕЊЕ НА КУРСОТ: 9 месеци / до мај 2023
ВКУПЕН БРОЈ НА ЧАСОВИ: 90 по 45 мин.
ЦЕНА за плаќање во готово: 9.000 ден.
Можност за плаќање на 9 рати х 1.200 ден. = 10.600 ден.

РЕДОВЕН КУРС

ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ, СТУДЕНТИ И ВОЗРАСНИ

ПРИЈАВУВАЊЕ: ДО 15 СЕПТЕМВРИ
НИВОА: еден полустепен според ЕРРЈ (А2/2 или Б1/1 или Б1/2)
ВИД НА НАСТАВА: настава во група до 8 слушатели
СЛЕДЕЊЕ НА НАСТАВАТА: во училница или онлајн од дома
ТЕРМИНИ: 2 пати неделно по 90 минути
ТРАЕЊЕ НА КУРСОТ: 9 месеци / до мај 2023
ВКУПЕН БРОЈ НА ЧАСОВИ: 140 по 45 мин.
ЦЕНА за плаќање во готово: 12.000 ден.
Можност за плаќање на 9 рати х 1.500 ден. = 13.500 ден.

Редовни курсеви за ученици, средношколци, студенти и возрасни