Постапка за аплицирање

Постапката од аплицирање до поаѓање е следна: 

1. Склучување на онлајн договор

            Онлајн договорот се склучува на следниот линк:  Онлајн договор 

Пополнете ги сите податоци, изберете термин, внесете податоци за ученикот, за родителот и за начинот на плаќање, со избирање на копчето Пријави се, Вие склучувате договор за летен јазичен камп 2019. Со ова местото на Вашето дете е загарантирано.  Договорот заедно со општите услови за патување и програмата на ЛЈК 2019 ќе Ви бидат испратени во пдф формат на Вашата електронска пошта.  

2. Уплата

На договорот испратен на Вашата електронска пошта имате податоци за уплата. Пример од пополнета уплатница ќе најдете на следниот линк: Уплатница

За секоја уплата, ќе добиете потврда на Вашата електронска пошта . 

3. Следни чекори и постапки до поаѓање

Кога ќе се формира групата за патување ќе се постави форум на оваа веб страна, од каде до поаѓање ќе добиете вкупно 7 известувања: 

  1. Известување 1 – патна исправа,
  2. Известување 2 – формирање на Facebook група,
  3. Известување 3 – Согласност од МВР,
  4. Известување  4 – Често поставувани прашања,
  5. Известување 5 – Детална програма на македонски и на германски јазик,
  6. Известување 6 – Домашна задача за учениците
  7. Известување 7  – последни напомени и место на поаѓање.

Сите известувања ќе ги добивате на Вашата емаил адреса. 

За било какви прашања, слободно обратете се на тел. 075 333-119