Совети за временска прогноза и пакување

Учесници,
температурите во Виена за петок и сабота ќе се движат од 17-28 степени (сончево, облачно и врнежи) ПС: 26-28 степени во Виена е многу жешко,
температурите во детското одморалиште во Германија, во периодот од 22.06. до 29.06. ќе бидат од 14 па се до 31 степен. (мешано, сончево, облачно и врнежи) ПС: 26-31 степени во Германија е многу жешко
ОТТУКА: подгответе се рационално, еден куфер (не многу голем), бидејќи се сместувате 4 пати и еден ранец за во автобус.
Облека: носете 80% летна облека, но обавезно и 20% есенска облека, со долги ракави и кабаница или мало чадорче.
За во автобус носете најмало чаршавче и перниче, за покривање на вечер, и секако најудобна облека за патување.
Во ранецот носете доволно храна и пијалоци за 3-4 оброци.
Се гледаме во четврток, на договореното место.

Spread the word. Share this post!