Известување 7 Време и место на поаѓање

Почитувани родители и учесници,

на ден 20.06.2019 год. (четврток) е поаѓањето за летниот јазичен камп по германски јазик 2019 – КАМП 19.

Учесници по градови и поаѓање:

Битола, меѓуградска автобуска станица  – 11.00 часот 3 учесници.  (бидете 20 мин. пред поаѓање на местото)

Прилеп: меѓуградска автобуска станица  – 11.45 часот  2 учесници.  (бидете 20 мин. пред поаѓање на местото)

Кичево: поаѓање од Скопје, Паркинг Сајмиште, пред хотел Вип, поаѓање во 16.00 часот – 2 учесници. (бидете 30 мин. пред поаѓање на местото)

Тетово: поаѓање од Скопје, Паркинг Сајмиште, пред хотел Вип, поаѓање во 16.00 часот – 2 учесници. (бидете 20 мин. пред поаѓање на местото)

Учесниците од Берово, Виница, Кочани и Штип патуваат до Скопје со Берово Транс, редовна линија до меѓуградска автобуска станица  Скопје.

Берово: меѓуградска автобуска станица  – 10.15 часот 1 учесник.

Виница: меѓуградска автобуска станица  – 11.15 часот 1 учесник.

Кочани: меѓуградска автобуска станица  – 11.30 часот 3 учесници.

Штип: меѓуградска автобуска станица  – 12.15 часот 7 учесници.

 

Скопје: Паркинг Сајмиште, пред хотел Вип, поаѓање во 16.00 часот. – 26 учесници (бидете 30 мин. пред поаѓање на местото)

Напомена:

Доколку некој учесник, не се качува во автобус на предвиденото место, според градовите, да се извести одговорниот професор Николче Шулевски (075 333-119).

При влез во автобусот, учесникот ја предава патната исправа (пасошот) на одговорниот професор. (За учесниците под 14 години, ЗАДОЛЖИТЕЛНО е предавање на согласноста од МВР)

БАГАЖ – дозволено е носење само на 1 куфер и 1 ранец.

Ве молиме бидете на местото на поаѓање, најмалку 30 мин. пред терминот за поаѓање.

Автобусот, Транскоп Битола ќе биде на место во 15.30 мин.

Родителите со шоферите ги поставуваат куферите во автобусот.

Учесниците се поздравуваат со своите родители и  со својот ранец и патната исправа во рака, влегува во автобусот и си седнува на место, кој каде и со кого сака. Заради горештините ќе Ве замолиме родителите да не влегуваат во автобусот и да можеме на време да поаѓаме.   

Се гледаме во четврток,

д-р Николче Шулевски

Spread the word. Share this post!