Известување 3 – СОГЛАСНОСТ ОД МВР (ВАЖИ САМО за ученици до 14 год)

Почитувани Родители,

ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ на возраст до 13,99 години, родени после датумот: 20.06.2005,

на денот на преминување на македонската граница КАМП 19 = 20.06.2019

ЗАДОЛЖИТЕЛНА е согласност за патување во странство од МВР.  

За ученици од 14,00 години па нагоре НЕ ТРЕБА согласност.

Ве молиме во следниот период извадете согласност за патување на Вашето дете од МВР.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ за издавање на согласноста:

– Барање за согласност од МВР (КАМП 19 = симнете датотека: KAMP-19-Baranje-za-soglasnost-MVR-2019) пополнете го и испечатете го.

–  Лични карти на родителите (задолжително присуство на двата родители при поднесување на барањето)
–  Извод од матична книга на родени од детето
–  таксена марка од 50 денари (се уплаќа на лице место со картичка)
–  Копија од пасош од одговорно лице (спуштете ја од линкот) и испечатете ја.

Извор: http://www.mvr.gov.mk/upravni-rab/12

СОГЛАСНОСТА ТРЕБА ДА ЈА СТАВИТЕ ВО ПАСОШОТ ПРИ ВЛЕЗ ВО АВТОБУСОТ.

Без согласност НЕ МОЖЕ учесникот да ја премине македонската граница.
Доколку имате било какви прашања, слободно обратете се на нашите телефони.

Со почит,
Училиште за германски јазик ДЕЛФИН Битола – Learn & Travel Delfin

д-р Николче Шулевски

Spread the word. Share this post!